Giffoni on tour – Prilep
Овој викенд, група ученици од нашето училиште беа дел од дводневната манифестацијата „Џифони Патува‚‚ што се одржа во кино салата „Мис Стон“.
Џифони Македонија е дел од еден од најголемите филмски фестивали во Европа “Giffoni Expiriance” кој потекнува од Република Италија. Целта на овој фестивал е ширење на филмската култура надвор од границите на една земја. Со проектот “Џифони патува” овој фестивал доаѓа се поблиску до младите во повеќе градови во Македонија. Во ова прво издание на Џифони патува, младите од Прилеп први имаа шанса да бидат дел од ова патување.
За време на овој настан кој се одржа на 25ти и 26ти Април 2015 година, во киното Мис Стон, младите се запознаа со фестивалот, се проктираа два филмови на кои следеше дискусија на истите. Се одржаа работилници за продлабочување на знаењата и стекнување вештини за фотографија и кратки филмови.
Учениците од нашето училиште кои присуствуаа на фестивалот се задоволни од организацијата и од фестивалот воопшто. Тие се здобија со сертификати за активно учество на првото издание на “Џифони патува”. Тие изјавија:
“На младите од Прилеп им требаат културни настани од овој тип. Претставува огромно задоволство од близу да се погледнат големината и убавината на овој културен настан и да се биде дел од истиот. Покрај новостекнатите знаења, пријатели стекнавме и нови гледишта на некои работи“.