Учениците на СОУ „Ѓорче Петров“ повторно се дел од празничната приказна на Прилеп.
По повод празникот 11 Октомври, учениците од секторите Текстил, кожа и слични производи и Шумарство и обработка на дрво, рачно изработија три знамиња од сатен обликуван во форма на црвени и жолти цветови.
Едното знаме е поставено во училиштето, другото во канцеларијата на директорката, а третото знаме ќе го краси кабинетот на Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски кој денес им приреди топол и срдечен прием на нашите ученици, нивните ментори и директорката на училиштето.
Учениците работеа под менторство на наставниците Здравка Најдоска, Наташа Мирческа и Пеце Алексоски.
Изразуваме благодарност до Конфекцијата Кули од каде што го добивме материјалот за работа и особена благодарност до Локалната самоуправа и Градоначалникот на Општина Прилеп за континуираната поддршка и соработка.
Нека ова биде празнична честитка на СОУ „Ѓорче Петров“ до своите вработени, ученици, родители и соработници, како и до сите граѓани на Република Македонија.














