За второто пријавување останати се следните слободни места:
Здравствена струка
Профил | број на слободни места | минимум потребни поени |
фармацевтски техничар | 6 | 70 |
физиотерапевтски техничар | 13 | 70 |
Текстилно – кожарска струка
Профил | број на слободни места | минимум потребни поени |
техничар за изработка на облека / техничар за моделирање на облека * | 17 | 35 |
*(соработка со компании КОМФИ АНГЕЛ ДОО Прилеп, Конфекција КУЛИ ДОО Прилеп, ХАТРА ДООЕЛ Прилеп. Мартекс) |
Лични услуги
Профил | број на слободни места | минимум потребни поени |
техничар за козметичка нега и убавина | 15 | 40 |
фризер | 13 | 30 |
Шумарско – дрвопреработувачка струка
Профил | број на слободни места | минимум потребни поени |
техничар за обработка на дрво | 34 | 35 |
Геолошко – рударска и металуршка струка
Профил | број на слободни места | минимум потребни поени |
геолошко – рударски техничар | 33 | 35 |
ракувач со рударски машини * | 25 | 30 |
*(соработка со компанија Фимар Балкан АД Скопје) |
За ученикот кој ќе се запише во паралелка во стручно образование која е означена со *(соработка со компанија), практичното образование ќе биде со зголемен број часови поминати во компанија.
Критериуми за избор на учениците се:
− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на попреченост.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:
– за здравствена струка – биологија и хемија,
– за другите струки – мајчин јазик и математика.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
– За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени
– За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
Утврдениот
минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Конкурс.
II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на прелиминарната листа, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
III. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 21 јуни до 24.00 часот ина 22 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до09:00 часот. Доставувањето на потребената документацијадо училиштата е на 23 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 24 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часотна огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 27 јуни 2022 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 27 јуни 2022 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.