Повик за пријавување на ученици на настанот „Твоја Европа, твој глас“

Директорот на СОУ „Ѓорче Петров“ објавува повик за учество на тројца ученици што ќе учествуваат на настанот „Твоја Европа, твој глас“, што ќе се одржи во Брисел, Белгија на 23ти и 24ти март, 2023 година. Настанот ќе биде посветен на младинските дијалози за демократијата. Целта е да се подигне свеста за демократските вредности, притоа охрабрувајќи го критичкото размислување и учеството на младите. Настанот има за цел да им помогне на младите луѓе да разберат што претставуваат европските вредности и што значи активното граѓанство во партиципативната демократија. За време на настанот ќе се реализираат дебати, работилници и интерактивни активности за тематски прашања од интерес за младите луѓе

Услови за учество на учениците се следни:

-Да се ученици во трета година 

-Да се на возраст помеѓу 16 и 18 години 

-Да имаат одлично познавање на англиски јазик

-Да умеат да се изразуваат јасно и да ги разбираат другите на англиски јазик 

-Да се елоквентни и да умеат да дебатираат

-Да се комуникативни

-Да умеат да работат во тим

-Да се примерни ученици

-Да се согласни да патуваат во Брисел за време на настанот (23 – 24 март, 2023), исто така и родителите на учениците се согласни нивните деца да патуваат на наведениот настан

-Да се согласни нивните имиња и фотографии направени за време на посетата на претставник од Европската комисија како и за време на настанот да бидат објавени на веб страната на Европската комисија како и на други други медиуми, поврзани со промоција на настанот

-По завршувањето на настанот се обврзуваат да извршат промоција на настанот

Заради запазување на родова еднаквост ќе бидат селектирани еден ученик од машки и двајца ученици од женски пол.

Сите заинтересирани ученици што ги исполнуваат горенаведените услови треба да се пријават на следната меил адреса – gpproekti@gmail.com каде треба да достават:

1.Пополнет апликациски формулар (Апликацискиот формулар ќе го добијат по пријавувањето на наведената меил адреса)

2.Кратка биографија CV (на англиски јазик)

3.Мотивациско писмо

4.Краток приказ на тоа како тие го гледаат активното учество на младите во демократските процеси

НАПОМЕНА: Пријавувањето на учениците ќе трае до 28.12.2022. Сите ученици што ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на разговор на 29.12.2022 во 13.00 часот.

22.12.2022                                                             Директор, Петра Лукароска

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.