,,Со нив или без нив”


На 25.12.2023г.(понеделник), во НТ,,Војдан Чернодрински”, пред преполна сала беше изведена драмата ,,Со нив или без нив”, по текст и режија на Филип Стојаноски и менторство на проф. Билјана Тинтоска. Членовите на секцијата успешно, пожртвувано и со многу љубов претставија емотивна социјална драма со трагични и реални случки од нашето секојдневие. На сцената гледавме паралелни слики на два дијаметрално спротивни света – на екстремно богато и разгалено семејство, од една страна и многу сиромашно а патријархално семејство од друга страна. Во центарот на вниманието беше трагизмот на двете, секој на посебен начин, а споени околу идејата дека ,,Она што може да се купи со пари евтино е!”

            Улогите ги толкуваа: Вања Младеновски, Михаил Јорданоски, Бојана Најдоска,  Теодора Димовска, Санџана Мефаилоска, Исидора Попоска, Ангела Талимџиоска, Марија Котева, Исидора Николоска, Матеа Стојчевска, Марко Костадиноски, Христина Кулеска, Наталија Шеќеровска, Марија Стеваноска, Катерина Лашкоска, Ивана Дамческа, Ивана Стеваноска, Марија Јовеска, Милана Здравеска, Михаил Тркалески, Филип Стојаноски.

            Благодарност до верната публика, до нашата директорка Жанета Видевска и нашите професори, до Народниот театар ,,Војдан Чернодрински”, директорката Јасмина Мицовска Станкоска и љубезниот персонал! Посебна благодарност до Дамјан Аврамоски, Александар Костадиноски, Вилијам Спиркоски и Едис Еминоски за техничката поддршка!

За емоциите допрва ќе прикажува преполната со публика сала!

                                      Автор на текстот: проф. Билјана Тинтоска