Проект Practice Makes Professionals од програмата Еразмус +


Проект  Practice Makes Professionals од програмата  Еразмус +  на Европската комисија при Советот на Европа

 

Во периодот од 11.11.2017 до 19.11.2017 во Барселона, Шпанија, се одржа првата обука за наставници од проектот Practice Makes Professionals. Претставници од нашето училиште беа кординаторот на проектот  Билјана Рошкоска и проф. Благица Тренчевска, додека втората обука од истиот проект се одржа во периодот од 10.12.2017 до  17.12.2017 во Мадрид, Шпанија. На оваа обукам присуствуваа координаторот на проектот, проф. Билјана Рошкоска и проф. Жанета Видевска.

Тема на обуката беше Училиштен менаџмент  и менаџмент за професори. Овој проект од програмата Еразмус+ се реализира со поддршка  на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Придобивките од оваа обука се нови искуства и пријателства, посета на културно-историски споменици и музеи, како и посета на едно училиште и на Амбасадата на Република Македонија во Мадрид. Освен тоа учесниците се стекнаат со сертификати за успешно завршена обука.

Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп продолжува со реализација на овој проект од програмата „Еразмус +“ на Европската комисија при Советот на Европа, со помош од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност. Во текот на јануари 2018 година група ученици од здравствената струка ќе има можност да ги ндгради своите знаења од практичната настава во Мадрид, Шпанија.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.