По повод 02.10.2016г., патрониот празник на СОУ„Ѓорче Петров“, на ден 03.10.2016г. во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ беше одржана Свечена академија, на која освен наставниот кадар, родителите и учениците, присуствуваа и Градоначалникот на општина Прилеп, г-нот Марјан Ристески, Советникот за образование од МОН за Прилеп, г-нот Марјан Матракоски, како и директори на повеќе средни и основни училишта од општинава.
Нашиот директор, г-нот Дејан Димоски, во своето обраќање кон присутните, го потенцира значењето на Ѓорче Петров за македонската револуционерна борба и ги поздрави ентузијазмот и пожртвуваноста на учениците во подготовките и изведувањето на пригодната програма.
Истата беше исполнета со многу смеа, забава, музика, фолклорна игра, рецитации и модерни балети. Низ содржините на програмата учениците ги покажаа своите актерски, музички, солистички, рецитаторски, играорни и танцувачки способности.
Им благодариме на нашите ученици за нивното искрено и пожртвувано вложување во остварувањето на споменатите содржини, во кое тие освен ентузијазам покажаа и висок степен на професионалност во реализацијата на поставените задачи. Им посакуваме успех и среќа.
Посебна благодарност упатуваме кон директорот, за неговата безрезервна поддршка.
Исто така им благодариме и на професорите, за покажаното разбирање и толеранција при подготовките на програмата.
Нека ни е честит патрониот празник и уште многу години да го празнуваме!!!
А приложените фотографии ќе го прикажат она што не може да се искаже со зборови. Уживајте во нив!