Учениците од образовниот профил Техничар за изработка на облека, беа дел од успешната приказна на DMWC модната ревија „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“, одржана во рамките на Fashion Weekend Skopje, како дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, реализиран од Добредојде Македонија – Welcome Centre, со поддршка на Амбасадата на Република Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.
Во рамките на проектните активности, под менторство на проф. Јулијана Поповска, учениците имаа можност да ја развиваат својата креативност, да ги надградуваат стручните и практичните вештини и да создаваат инспирирани од спојот на традиционалното занаетчиство и современиот моден дизајн.
Преку учеството во вакви проекти, нашето училиште ја потврдува својата посветеност на современото стручно образование, кое ги поврзува знаењето, креативноста и практичната работа, отворајќи нови можности за професионален развој и афирмација на учениците во светот на модата.






