Награди за нашите млади иноватори


ТРЕТО место за нашите млади иноватори Air Bloom🎉🥉 и посебна награда за ReLife 3D👏!!!
Денес во Прилеп започна едно ново поглавје на бизнис економијата,за прв пат се оддржа бизнис-питчинг организиран од Gen Vibe и Регионалната комора-Прилеп која дава голема поддршка за младинското претприемништво.На овој настан учествуваа и ученици од нашето училиште со своите иновативни идеи, кои не само што се здобија со доста нови искуства и пријателства,тие го освоија и вниманието на жири комисијата!
Калина Стојаноска,Дариа Конеска и Стефанија Пиловска од II -1 клас на овој настан освоија 3 место од вкупно 19 екипи 🥉.
А исто така силен впечаток остави и ученикот Андреј Тошески од IV-1 кој доби специјална награда лично врачена од претседателот на Стопанската Комора на Република Македонија,г-дин Бранко Азески за својата идеа🎉.
Овие две екипи беа предводени од проф. Христина П.Димеска која неуморно ги поддржуваше во своите идеи.Честитки за севкупниот успех на сите ученици .Ова е показател дека нашето училиште и општината ги бодрат учениците,им даваат храброст и можност своите идеи да ги претстават насекаде. Следете ги своите идеи,неуморно сонувајте и бидете упорни во нивното понатамошно остварување.