Меѓународен конгрес за медицински сестри


Учениците од здравствено-едукативната секција – медицински сестри, под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска зедоа активно учество на Меѓународен конгрес за медицински сестри кој се одржа во Струга во периодот од 2-4 Октомври.

Годинава, под клучната тема „Грижа за оние кои се грижат за нас“, нашите вредни ученици се претставија со своја постер-презентација на тема „Здравствена едукација и превенција“.

Преку овој труд, тие ја истакнаа клучната улога на превенцијата во здравствениот систем и покажаа дека се подготвени со знаење, емпатија и професионализам да чекорат по патот на хуманоста. Учеството на вакви конгреси е одличен поттик за нивниот понатамошен професионален развој и мотивација за надградување на знаењата.