Trash fashion 2026


На светскиот ден на животната средина 5 Јуни, во дворот на СОУ „Ѓорче Петров“ се одржа модна ревија инспирирана од темата: „Природата -инспирација за модна креација“ со која преку рециклирање и редизајн се истакнаа имагинацијата, вештините и креативноста на учениците учесници.

Ментори на учениците беа професорките Марта Макеска, Здравка Најдоска и Наташа Мирческа.

Неколку општествено одговорни стопански субјекти кои подржуваат оджливост, креативност и иновативност  ја спонзорираа овогодинешната модна ревија: „Витаминка“, „Прилепска пиварница“, ,„Кули“, „Комфи Ангел“, ,„Тритекс“, ,„Mента Фарм“, „Дониа“, бутик „Нептун“, оптика ,„Оптил“.

Благодарност за довербата и поддршката до директорката Жанета Видевска и до Локалната самоуправа на Општина Прилеп.