Изработени постелнини – донација за болницата


Ученици од секторот Текстил, кожа и слични производи изработија и  донираа постелнини на Интерното одделение при Градска болница „Борка Талески“, Прилеп

Донацијата е изработена од материјали обезбедени од компанијата „Тритекс“. Упатуваме искрена благодарност до сопственичката на „Тритекс“, г-ѓа Татјана Наумовска за континуираната поддршка, довербата и соработката.

Со ваквите хумани активности учениците ја покажуваат својата општествена одговорност, а воедно придонесуваат за подобри услови за пациентите.