„СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ ДС на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, на 18.6.2026г. во 20:00ч.,
во големата сала на НУЦК ,,Марко Цепенков”, со ново изненадување за својата верна
публика – филмот ,,Девојките на Марко”, по мотиви на истоимениот роман од Оливера
Николова!
Филмот говори за актуелни теми: зачувување на семејството и односите во него, чесноста,
правичноста, одговорноста, пожртвуваноста, но и потребата за игра и забава на младите.
Над сите овие, повторно царува љубовта, во сите нејзини варијанти, од чиста младешка,
до силна зрела родителска и семејна.
Улогите ги толкуваат:
Тоше Тодороски, Филип Сотиров, Марко Стојаноски, Исидора Николоска, Филип
Стојаноски, Марија Стеваноска, Марија Котева, Тамара Димитриеска, Викторија
Костадиноска, Ивана Ангелеска, Марта Шаркоска, Саша Бошков.
Силна техничка поддршка ни дадоа Вилијам Спиркоски и Сара Павлоска и Михаил
Тркалески.
Под менторство на проф. Билјана Тинтоска и режија на Филип Стојаноски.
Филмот е продукција на Дамјан Аврамоски….
Ви најавуваме многу смеа, но и замислување над вистинските вредности.
Цената на билетите е 150ден., а намената на средствата од нив за хуманитарни цели.
За резервација и набавка на билети обратете се до Тоше Тодороски, на тел. +38977500095.
Ве очекуваме ❣️

