Ученици од секторот Текстил ,кожа и слични производи под менторство на професорките Наташа Мирческа и Здравка Најдоска учествуваа во едукативна работилница со претставници од Здружението Центар за развој и едукација од Прилеп, во која беа изработени марами во различни бои. Покрај едукативна, работилницата имаше и хумана мисија, затоа што изработените марами ќе послужат за реализација на активности со стари лица.











