Тридневна презентација на нашите ученици од СОУ Ѓорче Петров на Саемот за иновации на социјално претприемништво во Струмица, поддржан од БРО, Unicef и LEAD, предводен од UpShift.
Ученичките – Дариа Конеска, Стефанија Пиловска,Дора Алексоска,Андреа Кафеџиоска и Калина Стојаноска
под менторство на професорките Христина П. Димеска и Наталија Матракоска достојно го претставија својот еко-иновативен производ: AirBloom, покажувајќи креативност, тимска работа и претприемачки дух.
Преку својата посветеност, идеи и труд, тие беа вистински амбасадори на училиштето и доказ дека младите имаат потенцијал да создаваат современи и корисни решенија.






