Учениците од текстилната струка, инспирирани од француската мода и познатите француски дизајнери, изработија модни илустрации и учествуваа со групна изложба по повод одбележувањето на Месецот на Франкофонијата
.
Активноста беше реализирана под менторство на професорката по стручни предмети во текстилно – кожарска струка, Јулијана Поповска.
Изразуваме искрена благодарност до Ирена Наумоска, наставник по француски јазик, за поканата и укажаната можност за учество во овој прекрасен настан. Ни претставуваше особена чест и задоволство.























