Учениците од текстилната струка учествуваа на модниот форум „Мода со втор живот: пренамена, реупотреба и одржливост“, – настан што обединува визии за мода која е креативна, одговорна и инспиративна.
Панел-дискусијата ги истакна потенцијалите на модата со „втор живот“, преку поврзување на креативноста со одржливоста и практичните пристапи што ја градат иднината на модната индустрија во Македонија.
Во рамки на панел-дискусијата учествуваше и професорката по стручни предмети од текстилно – кожарска струка, Јулијана Поповска, која го истакна значењето на образованието во развојот на одржливи модни практики.
Форумот е дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, имплементиран од Добредојде Македонија – Welcome Center, поддржан од Амбасадата на Република Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.












