Проект „SUSTAINABILITY AS A DETERMINATION AND A ROAD TO THE FUTURE“ RYCO SUPERSCHOOLS


На 4 февруари 2022 година на локалниот промотивен онлајн настан „Meet the Superschools of North Macedonia”, СОУ „Ѓорче Петров“ го претстави проектот ОДРЖЛИВОСТА КАКО ОПРЕДЕЛБА И ПАТ КОН ИДНИНАТА (SUSTAINABILITY AS A DETERMINATION AND A ROAD TO THE FUTURE).

Проектот е одобрен за финансирање од програмата RYCO Superschools. Superschools е програма на RYCO за училишна размена во Западен Балкан со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект “Western Balkans School Exchange Scheme” кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO).
Партнер во проектот за училишна размена на  СОУ „Ѓорче Петров“ е „Стручно хемиско и текстилно училиште“ од Шабац, Република Србија. 

Координатор на проектот е професор Јулијана Поповска.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.