За нашето училиште СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘ и оваа година од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и Мобилност преку програмата Еразмус + одобрени се средства за реализација на неколку проекти од клучните акции 102, 202,229 и проект одобрен преку Повелбата за мобилност со која, заради претходно успешно спроведени проекти беше наградено училиштето.
Времето и начинот на реализација ќе бидат дефинирани тековно и во согласност со портоколите кои ги наметна пандемијата со Ковид 19, зошто здравјето и безбедноста на учениците и наставниците се најважни.
Во фаза на подготовка се активностите за проект од програмата RYCO, за кој е одлучено да се спроведува онлајн, a се чекаат и упатства за проектот во Грција, чија реализација се пролонгира со светската здравствена криза.