Награди за најуспешните цртежи


Директорот на СОУ,,Ѓорче Петров‘‘, Страшо Ѓорѓиески ги додели Сертификатите и наградите освоени на Конкурсот за избор на најдобар цртеж на тема ,,Дизајн на модна облека‘‘ .
Од големиот број на пристигнати цртежи, комисијата во состав: Марта Макеска -професор по Ликовна уметност, Весна Смугреска, Наташа Мирческа и Здравка Најдоска- членови на Активот по текстилство и професори по стручни текстилни предмети, одлучи наградени да бидат делата на следните ученици:
1 место МАРИЈА СТАНОЈОВСКА, 2-6 клас, профил конфекциски техничар
2 место АНТОНИО ЃУРЧИНОСКИ, 1-3 клас, профил физиотерапевтски техничар

3 место АЈЛИН ИСЛАМОСКА, 2-6 клас, профил конфекциски техничар
Останатите ученици за своето успешно учество добија благодарници.
Конкурсот беше објавен во спомен на прерано почината ученичка Јелена Крстиќ , но и со цел да се поттикнат дизајнерските способности и да се развие љубовта кон креативното творење кај учениците.
Прекрасните дела се показател за фантазијата, талентот, ангажираноста и хуманоста на нашите ученици

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.