Врз основа на објавениот Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште“ објавен од Министерството за образование и наука бр.12-13963/1 од 05.10.2016 година СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп го освои првото место.
Целта министерството за образование и наука беше зголемување на безбедноста и хигиената во училиштата, а во конкуренција од седум (7) средни училишта нашето училиште е избрано за најчисто и најбезбедно.
Изборот за најчисто и најбезбедно училиште го изврши стручна комисија формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во училиштата.
Апликацијата по овој повик беше подготвена од страна на учениците во СОУ „Ѓорче Петров“ во координација со професорката Снежана Переска.