Драмски вечери на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп


Погледнете ја целата претстава!

По иницијатива на Драмската секција на нашето училиште, Училишната младинска организација и телото Дете – правобранител на 15декември 2017г.,веќе традиционално по вторпат,  ја реализира Драмската вечер со помош и соработка на Коалицијата на младински организации СЕГА со локалната членка Младински совет Прилеп. Посебна благодарност упатуваме кон Управата на Домот на Културата „Марко Цепенков“ за отстапениот простор во големата сала. Задоволството беше големо заради преполната сала гледачи и љубители на театарот, но и хумани ученици, родители и професори, бидејќи оваа манифестација имаше хуманитарен карактер.

Голема чест ни причинува реализацијата на овој настан, којшто, веруваме дека ќе ги анимира младите да се вратат повторно кон вистинските вредности, да умеат да ја ценат уметноста и духовното богатство.

Најефективниот влог во образованието е вложувањето во напредокот на младите. Токму тоа се обидуваме овде да го промовираме. Истовремено, со задоволство ќе се дружиме и ќе ги разменуваме меѓуучилишните искуства.

Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“, под менторство на професорката по македонски јазик и литература, Билјана Тинтоска, веќе подолго време работи на реализацијата на овој настан, преку ангажманите и вложувањата во напредокот на секцијата. Имено, нашата Драмска секција постои и успешно работи од 1999г. и бележи многу успеси и постигнувања и на локално и на државно ниво и учествува и во многу хуманитарни активности. Оттука потекнува нашата визија да го поттикнеме негувањето на љубовта „кон штиците кои живот значат“.  На љубителите на сценската игра, овие две вечери им подаривме многу љубов, внимание, многу смеа и барем за малку се обидовме да им го развеселиме животот и да измамиме насмевки на нивните лица.

Драмската вечер започна со настапот на нашите драги гости од Драмската секција на СОУ„Ристе Ристески- Ричко“, којашто ќе ја изведе претставата ,,Еденучилишенчас“, под менторство на проф. Андријана Челебитова.

Улогите ги толкуваат: Анастасија Ристеска, Рената Миноска, Галена Стојаноска, Андреј Златаноски, Игор Моцаноски, Маријана Јовческа, Стефанија Петреска, Викторија Стојаноска, Илија Биноски, Немања Бабович, Димитар Атанасоски, Дамјан Преспаноски,  Рубин Ацески  и Анастасија Конеска .

Посебен впечаток на публиката оваа вечер, предизвика премиерната изведба на комедијата „Љубовна династија“, според сценарио на Филип Стојаноски, нашиот почесен и верен член. И под менторство на проф. Билјана Тинтоска. А улогите ги толкуваат:

Константин Василески од 4-7кл.; Филип Стојаноски; Антониј Колески од 4-7кл.; Андреа Јованоска од 1-2кл.; Круме Талески од 4-3кл; Харалампие Тасески од 4-3кл.; Валерија Чавлеска од 3-1кл; Ивана Настеска од 2-1кл; Матеа Богданоска од 2-3кл; Ана Јорданоска од 3-8кл; Сара Сурлаџиоска, Димитар Ристески, Џеладин Шериф од 1-2кл; Марија Недеска, Леонид Момироски и Ѓорѓи Кузески од 1-8кл.

Атмосферата на Драмските вечери ја исполнија и звуците на изведбите на нашите ученици чија голема љубов е музиката.

Настапи пејачката група“Nervous musicalis” на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, со изведбата на сплет песни од групата АББА, под менторство на професорката по музика Наташа Велеска, а составена од ученичките: Теодора Стојческа, Стефана Најдоска, Марија Јаковлеска и Елена Врбоска.

А свое музичко претставување имаа и учениците: Михаил Алексоски од 3-1кл. и Марија Јаковлеска од 4-1кл.

Драмските вечери завршија со ветување дека настанот ќе продолжи како традиција која ќе се негува постојано.

 

 

Текстот го подготви проф. Билјана Тинтоска

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.