На 11.03 (минатата сабота) 2017година се одржа 7- миот по ред Општински натпревар во спелување “Spelling Bee” во Средното општинско училиште “Ѓорче Петров”- Прилеп, во меѓусебна организација на Мировниот Корпус и СОУ ”Ѓорче Петров”. На самиот натпревар учествуваа вкупно 107 ученици од Општината и околината. Оваа година волонтери од Мировниот корпус и дел од жирито беа Миранда Кохен и Сабрина Ноел како и наставниците Емилија Ѓорѓиева Велкоски, Марина Димоска, Неда Ченто, Кети Ефремоска, Катерина Пацаноска и Мери Свеќароска.
„Ова е натпревар во кој учениците имаат задача точно да спелуваат 10 зборови на англиски јазик, што претставува интересен начин на изучување на вокабулар од англискиот јазик. Право на учество имаа ученици од основните и од средните училишта и тоа: од основните училишта од 5 па се до 9 одделение, а од средните училишта имаат право на учество сите ученици од прва до четврта година. Овој натпревар веќе им е познат на нашите ученици и тие редовно учествуваат во него последните шест години. Секоја година имаме претставници на регионалниот натпревар во Битола (29 април 2017-Училиште “Браќа Миладиновци”) и на државниот натпревар во Скопје во Американскиот Колеџ. Целта на натпреварот, освен учење нови зборови од англискиот јазик и нивно правилно пишување, е и стекнување едно ново интересно искуство и дружење со нови пријатели како на општинско така и на регионално и државно ниво“- изјави професорката по Англиски јазик, а воедно и организатор на овој натпревар, Емилија Ѓорѓиева Велкоски.