На 22 февруари 2017г. во просториите на училишната библиотека, се одржа традиционалната манифестација посветена на Денот на мајчиниот јазик. На литературниот конкурс, организиран од НВО СЕГА, а за учениците на СОУ„ЃорчеПетров“ Прилеп, на тема: „Ајде да твориме на мајчин јазик“, зедоа учество повеќе наши млади творци. Првата награда и припадна на Ивана Настеска од 1-1кл. за расказот „Сиромаштијата не е пречка да бидам среќна“.Ментор: Билјана Тинтоска. Втората награда и припадна на Ангела Римческа од 1-2кл., за есејот „Моќта на волшебните зборови“,под менторство на Жанета Видевска. Третата награда ја доби Николче Мојсоски од 2-2кл. за песната „Бескрајност“.Ментор: Лидија Ристеска. Им честитаме на наградените и им посакуваме многу успеси. А нашите ученици ги поттикнуваме на нови учества. Нашата манифестација беше збогатена со присуството на гости од Франција, Баптист Арнауд и Мејди Шарвет, кои прочитаа дела на својот мајчин јазик. А нашата млада и надежна поетеса, Јуле Атанасовска од 3-2кл., под менторство на проф. Билјана Тинтоска, ја претстави својата поезија. И посакуваме блескава поетска кариера. На нашите организатори им благодариме за довербата и поддршката.
Од сите испратени литературни творби кои учествуваа на овој конкурс ќе биде направена оnlineзбирка и истата ќе биде поставена на веб страните на ИНФО СЕГА и на веб страната на училиштето.