Провери го изворот пред да споделиш нешто


Во периодот од 12.09 до 16.09. 2022 нашето училиште беше домаќин на втората по ред средба од проектот „Провери го изворот пред да споделиш нешто” (првата средба се одржа во Италија во месец мај) Се работи за Еразмус+ проект финансиран од страна на Европската комисија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Партнери во проектот покрај нашето училиште се училишта од Киети од Италија; Кавала од Грција; Сату Маре од Романија и Измир од Турција.

Партнер училиштето од Турција на оваа средба заради Ковид состојбата не испрати свои претставници и учествуваше онлајн.

Темата на проектот е поврзана со користење на медиумите – поточно како младите луѓе да ги препознаат лажните вести на кои секојдневно наидуваат, потоа да се потенцира штетното влијание што тие можат да го имаат врз младите луѓе, но и да се поттикнат учениците да ги користат социјалните мрежи за едукативни цели со користење на најразлични web 2.00 алатки.

Конкретно темата на оваа средба беше изнаоѓање на алтернативни начини на комуникација наспроти социјалните мрежи. Така, за време на средбата имавме разни работилници, дебати како и спортски и забавни настани преку кои учениците имаа можност да ги покажат своите креативни вештини и за момент да се оттргнат од своите компјутери и паметни телефони. 

Истовремено, гостите имаа можност да се запознаат со дел од културно историските знаменитости на нашата земја.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.