Според Законот за средно образование („Сл. весник на Р. Македонија“ бр.33/2010 член 56 ) и член 44 од Статусот на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ –Прилеп, (дел. бр. 01-329 од 22.11.2005 г.) се распишува Конкурс за избор на првенец на генерацијата 2016-2020
Право на учество на конкурсот имаат редовни ученици од четврта година во учебната 2019/2020 г. при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп кои во изминатите четири години од образованието постигнале континуиран одличен успех, примерно поведение и учество на натпревари, освоени награди (организирани од МОН и БРО).
КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА 2016-2020 ПРИ СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“-Прилеп
– среден успех на ученикот постигнат од I-IV година,
– дипломи од освоени награди и учество на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари,
– поени од поведение,
За средниот успех постигнат од I до IV година ученикот може да постигне максимално 80 поени, по 20 поени во учебна година и тоа се собира средниот успех во прво тромесечие (максимално 5 поени), полугодие (максимално 5 поени), трето тромесечие (максимално 5 поени) и крај на наставната година (максимално 5 поени).
За освоено место и учество од меѓународни, републички, регионални и општински натпревари организирани од МОН и БРО ученикот може да освои:
-прво место на меѓународен натпревар 12 поени,
-второ место на меѓународен натпревар 11 поени,
-трето место на меѓународен натпревар 10 поени,
-пофалница на меѓународен натпревар 9 поени,
-учество на меѓународен натпревар 5 поени,
-прво место на републички (државен) натпревар 9 поени,
-второ место на републички (државен) натпревар 8 поени,
-трето место на републички (државен) натпревар 7 поени,
-пофалница на републички (државен) натпревар 6 поени,
-учество на републички (државен) натпревар 3 поени,
-прво место на регионален натпревар 6 поени,
-второ место на регионален натпревар 5 поени,
-трето место на регионален натпревар 4 поени,
-пофалница на регионален натпревар 3 поени,
-учество на регионален натпревар 1 поен,
-прво место на општински натпревар 4 поени,
-второ место на општински натпревар 3 поени,
-трето место на општински натпревар 2 поени,
-пофалница на општински натпревар 1 поен,
Поени од поведение:
-вкупен број на оправдани изостаноци од 0 до 100 во текот на четирите години на образование ученикот добива 5 поени,
-вкупен број на оправдани изостаноци од 101 до 200 во текот на четирите години на образование ученикот добива 3 поени,
Предлог за првенец на генерација дава класниот раководител по критериумите за избор во консултација со класната заедница и предметните наставници.
Изборот за првенец на генерација го врши надлежната комисија по предлог на директорот на училиштето и усвоена од Училишниот одбор, која во полн состав ги разгледува и валоризира документите спрема бројот на освоени поени.
Донесената одлука со мнозинство гласови се доставува до директорот на училиштето. Против оваа одлука не е дозволено право на жалба. Прогласувањето на првенец на генерација се врши на матураската прослава, организирана од страна на училиштето.
Конкурсот трае до 16.05.2020 година.
Прилеп Директор 09.05.2020 год. Страшо Ѓорѓиески