Учениците кои во месец март оваа година, една недела престојуваа во Сицилија, вчера ги презентираа своите впечатоци на нивните соученици од СОУ Ѓорче Петров.
Кирил Петрески, Теодора Адамческа, Михаил Алексоски, Тамара Дамеска и Бојан Белистојаноски во библиотеката на училиштето зборуваа за својот престој во Модика и за нивните домаќини од училиштето IIS Archimede. Тие ги доловија убавините на Сицилија и гостопримливоста на домаќините.
Уште еднаш ја потврдија потребата од повеќе вакви идни проекти во кои се запознаваат со нови култури и стекнуваат пријатели од цела Европа.