Традиционална посета за Светската недела на грижа за старите лица
По повод Неделата на грижа за старите лица – учениците од III (трета) 2 клас – здравствена струка, медицинска сестра, Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, под менторство на проф. Билјана Тинтоска и нашиот музички бенд со членовите: Александар, Теодора, Марија, Стефана и Неире, како и наставниците по практична настава: Наташа Ванчева, Ленче Јованоска и Валентина Дамеска, на ден 15.11.2016г. (вторник), гостуваа во Домот за стари и изнемоштени лица ,,Киро Крстески – Платник”, изведувајќи пригодна програма: комедијата „Во Европа и назад“ по сценарио на Филип Стојаноски, музички точки, но и медицински услуги. Исто така, учениците од 3-2кл. им подарија на штитениците од Домот мали подароци.
Среќни сме што уште еднаш успеавме да поттикнеме насмевки на лицата на штитениците. Им благодариме на сите наши деца кои внесоа РАДОСНИ МИГОВИ во животот на овие луѓе. Се гордееме со хуманоста на нашите ученици. И посакуваме уште многу вакви хумани активности и уште многу, многу, многу насмевки на лицата на луѓето.