Техничарите за изработка на облека подаруваат за 8 Март!

На вработените во училиштето, на мајките, бабите,сестрите, тетките, на пријателките, на припаднички од понежниот пол низ дуќаните во чаршијата, на случајни минувачки , среќен празник им посакаа ученичките од текстилно -кожарската струка, техничари за изработка на облека.  Нашите девојки, ученички од втора и трета година, изработија со многу љубов,  вниманието го спакуваа во креативност и […]


Марш против ракот

На 7.3.2025 со цврсти и сигурни чекори марширавме не само како поединци, туку како обединета сила против ракот – битка водена со издржливост, надеж и непоколеблива храброст. Чекоревме за воините што се уште се борат, за преживеаните кои нè инспирираат и за најблиските што ги изгубивме, но никогаш нема да ги заборавиме, носејќи го ветувањето […]


Македонска сивка

Наша и единствена – Македонската сивка, позната и како Чингова окатка, претставува ендемски вид на пеперутка поставена на црвената листа како критички загрозен вид. За неа со закон се забранува собирање, продажба и извоз. Учениците од СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп, под менторство на професорките Марта Макеска и Викторија Димеска, изработија групна маска со цел […]


Најдобра маска

На изложбата со маски традиционално организирана од општина Прилеп Андреј Бошески 3-1 клас од СОУ Ѓорче Петров ги покажа своите уметнички способности и ја освои првата награда во категорија средни училишта. Честитки Андреј и успех во иднина !


ПОВИК ЗА УЧЕСТВО – ТРОГЕН, ШВАЈЦАРИЈА

Коалиција на младински организации СЕГА објавува ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ Троген, Швајцарија Период на размена: 02/04/2025 – 15/04/2025Датум на поаѓање: 01/04/2025Датум на враќање: 16/04/2025 Цел на размената: Учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно […]


СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ – на „13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ“

ДС ,,СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ” на СОУ,,Ѓорче Петров” Прилеп годинава беше номинирано и наградено на манифестацијата ,,13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ”, во организација на Радио Пела, по повод 8 години постоење и Светскиот ден на радиото – 13 февруари. Настанот се одржа во фоајето на Домот на културата ,,Марко Цепенков”, пред бројна публика и учесниците. Благодариме од срце на довербата. И’ […]


Добитници на награди на конкурсот од Клубот на литературни творци

На литературниот конкурс организиран од страна на Клубот на литературни творци, традиционално секоја година, по повод празникот Св. Никола, учествуваа и повеќе наши ученици.На 27.12.2024г., во салата на Градската библиотека беа прогласени добитниците на наградите. Во категоријата Проза, ученичката Исидора Николоска од 3-1кл. освои прво место за расказот ,,Низ дурбинот на демосот”, а Даниел Главчев […]


Шампиони во одбојка

Екипата во одбојка во женска конкуренција се придружи на машките кои исто така се општински шампиони и заслужено го освои првото место.Финалето на општинскиот натпревар за средни училишта во одбојка беше многу возбудливо и полно со емоции. Од почеток до крај, беше јасно дека оваа победа не ќе биде лесна, но трудот и упорност на […]


Симпозиум

На 29/11/2024 година во ЈЗУ ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ во Скопје се одржа вториот симпозиум на сестри инструментарки на кој нашите ученици Марко Костадиноски, Исидора Николоска, Матеа Стојчевска, Михаил Јорданоски, Марија Котева и Христина Кулеска под менторство на стручниот наставник Наташа Ванчева ја презентираа темата Задачи на медицинската сестра при прием на хируршки болен предоперативна припрема […]


14 Ноември – Светски ден на дијабетот

Здравствено едукативната секција ЗДРАВЈЕ БЕЗ ГРАНИЦИ под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска на 14 Ноември по повод Светскиот ден на дијабетот организираа и спроведоа активности со едукативен и хуманитарен карактер.Членовите на секцијата изработија брошури со едукативна содржина на тема Дијабет.Во холот од Прилепската болница како и во Домот за стари лица […]