LEADing Forward проект


Понекогаш највредното нешто е чувството дека не си сам. 🫂

На Светскиот ден на образованието ви споделуваме пример кој потсетува дека не се учи само од учебниците, туку и преку искуствата споделени меѓу генерациите каде младоста и мудроста се среќаваат. ☂️

Тимот Герио Хелп од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп реализираше Service Learning иницијатива посветена на повозрасните лица и јакнење на меѓугенерациската солидарност во заедницата.

♟️🧶Со едукативни работилници, здравствена нега, креативни и друштвени активности, музика и празнични посети, учениците создадоа простор за поддршка, внимание и почит. Дел од активностите се одвиваа во Домот за стари лица ЈОУ „Киро Крстески – Платник“ во соработка со Здружението на пензионери од Прилеп.

Група на млади одлучија да ги применат своите стекнати знаења во служба на заедницата а истовремено да се развиваат како свесни и солидарни личности.🌱

Инспирирајте се повеќе на нивниот профил: @oldbutgold.geriohelp  💚

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот LEADing Forward: зајакнување на капацитетот за одржлив развој.