Според Законот за средно образование („Сл. весник на Р. Македонија“ бр.33/2010 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015 член 56 ) и член 44 од Статутот на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ –Прилеп, (дел. бр. 01-206/1 од 10.08.2020 г.) се распишува Конкурс за избор на првенец на генерацијата 2019-2023.
Право на учество на конкурсот имаат редовни ученици од четврта година во учебната 2022/2023 г. при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп кои во изминатите четири години од образованието постигнале континуиран одличен успех, примерно поведение и учество на натпревари, освоени награди (организирани од МОН и БРО).
КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА 2019-2023 ПРИ СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“-Прилеп
– среден успех на ученикот постигнат од I-IV година,
– дипломи од освоени награди и учество на меѓународни, државни и општински (регионални) натпревари,
– поени од поведение,
На конкурсот да се пријавуваат само ученици кои на крајот на учебната година имаат одличен успех – 5,00
За средниот успех постигнат од I до IV година ученикот може да постигне максимално 80 поени, по 20 поени во учебна година и тоа се собира средниот успех во прво тромесечие (максимално 5 поени), полугодие (максимално 5 поени), трето тромесечие (максимално 5 поени) и крај на наставната година (максимално 5 поени).
За освоено место и учество од меѓународни, републички и регионални (општински) натпревари организирани од МОН и БРО ученикот може да освои:
-прво место на меѓународен натпревар 12 поени,
-второ место на меѓународен натпревар 11 поени,
-трето место на меѓународен натпревар 10 поени,
-пофалница на меѓународен натпревар 9 поени,
-учество на меѓународен натпревар 5 поени,
-прво место на републички (државен) натпревар 9 поени,
-второ место на републички (државен) натпревар 8 поени,
-трето место на републички (државен) натпревар 7 поени,
-пофалница на републички (државен) натпревар 6поени,
-учество на републички (државен) натпревар 3 поени,
-прво место на регионален (општински) натпревар 6 поени,
-второ место на регионален (општински) натпревар 5 поени,
-трето место на регионален (општински) натпревар 4 поени,
-пофалница на регионален (општински) натпревар 3 поени,
-учество на регионален (општински) натпревар 1 поен,
Поени од поведение:
-вкупен број на оправдани изостаноци од 0 до 100 во текот на четирите години на образование ученикот добива 5 поени,
-вкупен број на оправдани изостаноци од 101 до 150 во текот на четирите години на образование ученикот добива 3 поени,
– вкупен број на оправдани изостаноци над 151 во текот на четирите години на образование ученикот добива 0 поени,
-учениците што имаат над 10 неоправдани изостаноци во текот на четирите години, немаат право да конкурираат.
Предлог за Првенец на генерација дава класниот раководител по критериумите за избор во консултација со класната заедница и предметните наставници.
Изборот за Првенец на генерација го врши надлежната комисија по предлог на директорот на училиштето и усвоена од Училишниот одбор, која во полн состав ги разгледува и валоризира документите спрема бројот на освоени поени.
Донесената одлука со мнозинство гласови се доставува до директорот на училиштето. Против оваа одлука не е дозволено право на жалба. Прогласувањето на Првенец на генерација се врши на матурската прослава.
Конкурсот трае до 12.05.2023
Прилеп 05.05.2023