Традицијата продолжува!
Учениците и професорите при СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп и оваа година го изработија својот новогодишен календар. Во него се преставени струките кои се изучуваат, a кои секоја година се се’ поатрактивни. Во него се преставени Здравствената струка, Личните услуги, Текстилно-кожарската, Дрво-преработувачката и Геолошко-рударската струка. Помошта за финансирањето и изработката дојде од конфекцијата „Мартекс“ и студиото „Фото зрак“ на кои им изразуваме огромна благодарност. Ова е 5 ти календар кој се изработува во континуитет во последните години, а благодарение на погоре спомнатите прилепски фирми, традицијата продолжи и оваа година. Изгледот и реализацијата е на професорката по ликовна уметност Марта Макеска.