„Cultural animation as a key against elderly social isolation“
Во периодотод 15.01 до 20.01.2023 во градот King’s Lynn, Англија се одржа четвртата мобилност од овај проект. Вклучени беа 5 ученици и 2 професори од нашето училиште.
Проектот започна со реализација на 16.01.2023 во училиштето Springwood High School во King’s Lynn каде беа изведени активности како Ice Breaker activities односно запознавање со тимот а потоа разгледување на училиштето. Во програмата беше вклучена и прошетка низ градот King’s Lynn со цел да се запознаеме со историјта на градот и да ги посетиме значајните места и објекти, како и посета во општина на градот и средба со градоначалникот на градот. Во вечерните часови во училиштето се одржа и презентирање на храна која е специфична за државите кои беа вклучени во проектот (Македонија, Хрватска, Италија, Германија, Франција, Англија). За крај Drama Studio каде беа споделени и презентирани Ghost Stories за градот King’s Lynn.
17.01.2023
Денот започна со посета на старскиот дом во King’s Lynn каде што имавме можност да ги видиме условите и негата на старите лица. Потоа посета на градот Cambridge, прошетка и посета на универзитетите под раководство на Mr Manu и Mrs Churchyard.
18.01.2023
Ден за активности во училиштето. Започнавме со Hair and Beauty Studio каде имавме работа во тимови – правење масажа и фризури. Потоа Fashion Studio каде изучувавме занаети – везење. Следно Dance Therapy – предавање и игри во тимови. Денот го завршивме со подготовка на мени за попладневен чај (Soda bread open sandwiches with cream cheese,ham and tomato, Sausage rolls, Scones with cream and jam, Mini sponge cakes).
19.01.2023
Активности во училиштето. Изработка на презентации од страна на тимовите од секоја земја за старски домови во нивната држава. Потоа попладневни слободни активности и посета на Radio Gaga Show во Corn Exchange.
20.01.2023
Проектот го завршивме со посета на градот Лондон и враќање во Македонија.