„Во рамки на одбележувањето на патрониот празник, денес во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп се одржаа спортски натпревари на кои учество зедоа екипи од сите средни училишта во градот.
Настанот помина во спортски дух, фер игра и одлична атмосфера, а учениците имаа можност да ги покажат своите спортски вештини и тимска работа. На самиот почеток, директорката на училиштето ги поздрави сите учесници, посакувајќи им успех и фер натпреварување, истакнувајќи ја важноста на спортот како дел од здравиот начин на живот и развојот на младите. Овој спортски турнир претставува значаен дел од одбележувањето на патрониот празник и уште еднаш ја потврди одличната соработка помеѓу средните училишта во Прилеп.“






