Хуманоста и емпатијата се чувства кои ги носиме во себе , ги примаме од околината. Тие се развиваат ако се поттикнуваат уште од рана возраст.
Ученици од текстилно-кожарската струка од СОУ,,Ѓорче Петров”, членови на текстилната секција, водени од желбата за помош кога е најпотребна, организираа и остварија акција за изработка на мартинки кои им ги понудија за продавање на ученици од основните училишта.
Собраните средства ќе се донираат кај семејството Неџипоски, чии две деца се ученици во СОУ,,Ѓорче Петров”, а за жал го изгубија својот дом во неодамнешен пожар.
Изразуваме благодарност до вработените и учениците од ООУ,,Кире Гаврилоски-Јане” , ООУ,,Гоце Делчев” и ООУ,,Рампо Левката” за нивниот топол пречек и хуманоста што ја покажаа.





