Учениците од текстилно-кожарската струка учествуваа на работилница за шибори – традиционална јапонска техника на боење, која преку врзување, преклопување и стегање создава уникатни уметнички шари и текстури.
Работилниците се реализираа под менторство на модната дизајнерка Ирина Тошева и одговорниот наставник Јулијана Поповска, кои ги водеа учениците низ процесот на претворање на стекнатите рачни техники на боење во можност за самостоен и креативен бизнис.
Активноста е дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“ имплементиран Dobredojde Macedonia Welcome Centre , со поддршка од Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.













