ДС „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ во нов состав и со ново раководство


На ден 29.10.2025г. беше реализиран првиот состанок на ДС„СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“,
во полн состав заедно со новите членови, кои беа избрани на неодамнешната аудиција. На
состанокот беше избрано и раководството на секцијата. По предлог на менторот Билјана
Тинтоска и координаторот Филип Стојаноски, за претседател беше назначена Матеа
Стојчевска од 4-2кл., а за нејзин заменик Тоше Тодороски од 2-1кл. Им посакуваме
успешна работа и ветуваме нови содржини!