Во рамките на одбележувањето на Розовиот октомври – месецот на свесност, поддршка и превенција од рак на дојка, СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп во соработка со Здружението Центар за развој и едукација организираше настан посветен на раното откривање и превенцијата од оваа болест.
Настанот беше исполнет со инспиративни пораки, едукативни активности и симболично засадување на хризантеми во розова боја, како потсетник за важноста на заедништвото и поддршката. Преку дружење и разговор, присутните испратија порака на солидарност со сите жени кои се соочиле или се соочуваат со рак на дојка.„Секој ден е важен за превенција, октомври не потсетува дека само заедно можеме да направиме вистинска промена,“
–Да бидеме гласни, информирани и поддржувачки – затоа што здравјето и свесноста немаат месец, тие се начин на живот.















