Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) е независно функционален институционален механизам, основан од 6-те учесници од Западен Балкан (ЗБ 6): Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, со цел да се промовира духот на помирување и соработка меѓу младите во регионот преку програми за младинска размена. Спогодбата за основање на RYCO беше потпишана од премиерите на 6-те земји од Западен Балкан на Самитот на ЗБ што се одржа во Париз, на 4 јули 2016 година.

Што прави RYCO?
Поддржува одлични идеи! Промовира помирување, доверба, соработка и дијалог во Западен Балкан преку поддршка и финансирање проекти што ги зближуваат младите од регионот.16.
Каде е RYCO?
Седиштето е во Тирана со локални филијали во сите главни градови низ регионот (Подгорица, Сараево, Скопје, Приштина, Белград).
Кој го финансира RYCO?
RYCO е финансиран од владите на регионот и е поддржан од ЕУ и други донатори.
На 4 повик 100 средни училишта од Западен Балкан се одбрани да учествуваат во RYCO Суперучилишта програмата за размена. Од Македонија се избрани 23 училишта од кои 2 се од Прилеп а едно од нив е нашето училиште.
Наше партнер училиште ќе биде Шумарското училиште од Краљево кое заедно со учениците од здравствената струка ќе изгради МОЗАИК НА ПРИЈАТЕЛСТВО како што гласи и самиот проект.
