Траш фешн 2025- Рециклирано и ретро!


На 5-ти јуни 2025 година, Меѓународен ден за заштита на ѓивотната средина,  креативните  ученици од СОУ,,Ѓорче Петров” приредија моден настан кој ќе се памети!Trash Fashion ревијата ги врати боите и стиловите на 60-тите години – со храбри кроеви, впечатливи очила и весели точки – но сè тоа направено од рециклирани материјали. Преку оваа ревија ја подигнавме еколошката свест, ја прославивме младинската креативност и покажавме дека модата може да биде и одржлива и стилска!

Благодарност до компанијата,,Кули” која  не снабди со материјали за работа и им помогна на учениците во дел од изработката, до  спонзорите кои донираа производи за доделување на награди (,,Комфи Ангел”, ,,Тритекс”, ,,Дониа”, ,,Дуки Дасо”, слаткарнициte ,,Дизниленд” и ,,Mонте”, ,,Ла старда “, кафе бар,,Стрит”, ,,Кики”, ,,Дива”, ,, Канонада Томос”, до ,,Витаминка” , ,,Прилепска пиварница” кои обезбедија производи за мала закуска и освежување за присутните, до фирмата ,,Creativa wood” која го обезбеди материјалот за изработка на рекламната платформа, до директорката Жанета Видевска која ги поддржа нашите идеи и реализации, до нашите колеги и техничкиот персонал кои ни помагаа и до сите присутни ученици, колеги, родители, пријатели кои го збогатија настанот и имаа задоволство заедно да уживаме во настапите на нашите ученици: креатори и модели.