По повод 70 – годишниот јубилеј од постоењето на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Прилеп, на 16 мај 2025г., на прославата насловена како „Музеј, училишта, сеќавање“, нашето училиште доби плакета за долгогодишната соработка во рамките на проектот „Училиштата во музеите или Музејот во училиштата“. Во него учествуваа над 20 наши членови, а беа снимени десетици перформанси и неколку народни приказни. Задоволството за соработката е наше! На Музејот му го честитаме јубилејот и му посакуваме успешна понатамошна работа!

