Изложба „МОДЕН ДИЗАЈН“


На 07.05 во просториите од училиштето беше отворена изложбата „МОДЕН ДИЗАЈН“, која претставува креативен израз и посветена работа на учениците од ТЕКСТИЛНА струка, каде се среќаваат традиционалното и современото, инспирацијата и техниката, замислата и иднината.

Изложба на модни илустрации – простор каде што линијата се претвора во визија, а бојата во емоција. Оваа изложба е посветена на уметноста на модната скица – првиот здив на секоја модна креација, моментот кога идејата оживува на хартија. Модната илустрација е клучен водич за процесот на конструкциска подготовка при изработката на облеката – ни дава јасни насоки за формата, пропорциите, деталите на кројот, изборот на материјали.

Модната дизајнерка Ирина Тошева беше присутна на настанот и како и секогаш безрезервно ги поддржа нашите ученици.

Настанот се одржа пред присутни ученици, деветтоодделенци од основните училишта, наставници, родители и гости, беше вистинска прослава на младешката креативност и уметничкиот израз.