„Маѓепсан круг“ на „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“


Најновиот проект на „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ ја достигна својата реализација. Тоа се две остварувања со наслов „Маѓепсан круг“: радиодрама што беше снимена летово и веќе доживеа емитување на знаменити радиа и електронски  медиуми во Македонија, како и драмската претстава, двете по текст и костимографија на Филип Стојаноски, а во драматургија и режија на Билјана Тинтоска.
Целиот проект е во соработка со Радио ПЕЛА, со работен наслов „Промени го мислењето – остани надвор од маѓепсаниот круг“, финансиран од Советот на Европа.
Премиерата на претставата „Маѓепсан круг“ се одржа на 18 октомври, во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“.
Предвидени се и гостувања низ повеќе градови на нашата земја. Така ќе се подигне свеста за борбата против трговија со луѓе, ќе се намали злоупотребата и несреќата кај младите личности.
Театарската претстава ,,Маѓепсан круг” се одржа на пред преполна сала, на датумот кој е Европскиот ден на борба против трговија со луѓе во Домот на културата.

Во театарската претстава учествуваа:
Исидора Попоска 3-1кл.
Марија Котева 3-1кл.
Исидора Николоска 3-1кл.
Марко Костадиноски 3-2кл.
Марија Јовеска 2-2кл.
Матеа Стојчевска 3-2кл.
Марија Стеваноска 3-3кл.
Даниел Главчев 3-1кл.
Михаил Тркалески 3-2кл.
Тамара Димитриеска 3-8кл.
Михаил Јорданоски 4-1кл.
Наталија Шеќеровска 3-2кл.
Вања Младеновски
Филип Стојаноски 

Техничка поддршка:
Вилијам Спиркоски 3-8кл.
Сара Павлоска 3-8кл.
Марко Ванчев 3-8кл.

Свое обраќање имаше и директорката на училиштето, Жанета Видевска. Настанот беше во склоп на проект на Радио Пела, Канцеларијата на Советот на Европа и Еурохаус од Битола.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.