Еразмус+ ја поддржува соработката меѓу институциите и интернационализацијата на институциите и курсевите за обука. Затоа Еразмус+ Франција, организираше европски Еразмус+ состанок за здравство (TCA), кој треба да ги обедини засегнатите страни и носителите на одлуки од цела Европа, од додипломски до постдипломски левeл.
На настанот присутвуваа 80 учесници. Една од тројцата учесници – претставници од нашата држава беше и професорката од нашето, СОУ,,Ѓорче Петров”, Прилеп, Билјана Тошеска. За време на четирите дена колку што траеше настанот/семинарот, организациите за здравствена обука и нивните координатори, низ работилници дискутираа за стратегии за мобилност, интернационализација и развој.
Цел на овој настан беше да се покаже како институциите можат да го искористат максимумот од Еразмус + за да одговорат на предизвиците, со едно главно прашање: како да се подготват идните здравствени работници со активностите орагнизирани од Еразмус+.