Конкурс за упис на ученици 2018/2019 4


КОНКУРС за запишување ученици во

СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП

за учебната 2018/2019 година

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 и 10/15) и Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија” број 71/06, 117/08, 148/09, 17/11, 24/13, 137/13 и 41/14) запишувањето ученици во јавните средни училишта се врши по пат на Конкурс кој го објавува Министерството за образование и наука во средствата за јавно информирање по предлог на основачот.

Во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп во прва година ќе се запишат 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

  1. Здравствена струка – 136 ученици, 4 паралелки
  • Медицинска сестра мак 68 ученици, 2 паралелки, 4 години траење 70 минимум поени
  • Фармацевтски-лабораториски технилар мак 34 ученици, 1 паралелка 4 години траење 70 минимум поени
  • Физиотерапевтски техничар мак 34 ученици, 1 паралелка 4 години траење 70 минимум поени

 

  1. Текстилно-кожарска струка – 34 ученици, 1 паралелка
  • Конфекциски техничар мак 34 ученици, 1 паралелка 4 години траење 45 минимум поени

 

  1. Лични услуги – 68 ученици, 2 паралелки
  • Козметички техничар мак 34 ученици, 1 паралелка 4 години траење 45 минимум поени
  • Фризер мак 34 ученици, 1 паралелка 3 години траење 30 минимум поени

 

  1. Шумарско-дрвопреработувачка – 68 ученици, 2 паралелки
  • Техничар за мебел и ентериер мак 34 ученици, 1 паралелка 4 години траење 45 минимум поени
  • Столар (реформиран наставен мак 34 ученици, 1 паралелка, 3 годишно траење 30 минимум поени)

 

  1. Геолошко-рударска и металуршка струка – 34 ученици, 1 паралелка
  • Геолошко-рударски текничар мак 34 ученици, 1 паралелка 4 години траење 45 минимум поени

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2018/2019 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за спортската академија и со овој Конкурс.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот. Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

Условите за запишување на учениците се:

– да имаат завршено основно образование;

– да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

б) стручно образование и обука;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на пречките во развојот.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката.

– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок, со две пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 18 и 19 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2018 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2018 година, а резултатите ќе се објават на 25 јуни 2018 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во ток од 48 часа.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.

За учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во месец август, во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 24 август 2018 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 31 август 2017 година.

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

− дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката;

− средна вредност од поени добиени за поведение;

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување се составен дел на овој Конкурс.

Училиштата за второто пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, за најмногу 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот на поени треба да се изврши на 25 јуни 2018 година за второто пријавување.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.


Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

4 thoughts on “Конкурс за упис на ученици 2018/2019

  • Bardil Xemaili

    За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.
    Ova i za mene vazit? Ja oti od Zajas su i saka da se zapisa kaj vas. Ima uceno na majcin jazik. Albanski.Vo Kicevo