Со првата обука за наставници, од Понеделникот, 13.11.2017г. во Барселона, отпочна реализацијата на проектот ,,Practice makes professionals‘‘.
На еднонеделната обука учествуваа координаторот на проектот, професорката Билјана Рошкоска и професорката Благица Тренчевска.
,,Practice makes professionals‘‘ е проект одобрен и поддржан од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност и програмата Еразмус + при Европската комисија и опфаќа две мобилности за ученици и две обуки за професори.
Во Декември, во Мадрид, ќе се одржи и втората обука за наставници, после што следуваат и двете мобилности со ученици од СОУ,,Ѓорче Петров‘‘од здравствената струка и струката лични услуги во Шпанија и Бугарија.