Промоција на книгата „Михаил“ од Мартина Соколоска 2


Во петокот, на 03.05.2016г., во просториите на нашата училишна Библиотека, ја промовиравме книгата – првенец на нашата ученичка Мартина Соколоска од 2-1кл. со наслов „Михаил“, под менторство на проф. Билјана Тинтоска, а во издание на ВОСТОК Дооел Битола. Оваа книга веше дел од најтесниот избор на Конкурсот на оваа издаавачка куќа за поддршка на млади талентирани творци. На промоцијата присуствуваа и наши поранешни ученички и идни колешки – Ирина Тумбовска и Ивана Блажеска, со свој осврт за книгата. На настанот присуствуваа и ученици од нашето училиште, професори и гости, а истиот беше исполнет со многу емоции. На Мартина и посакуваме уште многу успеси, а на нашите ученици им даваме поттик за вакви благородни потфати!!!

Во прилог ви ги претставуваме и обраќањата кон авторката на: Ивана Блажеска – осврт на биографијата од Мартина, како и коментарот и сопствените впечатоци што специјално за оваа книга ги напиша Ирина Тумбовска.

 

Мартина Соколоска е родена на 25.02.2000 г. во Прилеп. Основно образование заврши во ОУ„Кире Гаврилоски – Јане“. Сега е ученичка во СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, во втора година во здравствената струка – медицинска сестра. Со пишување се занимава уште од основно училиште, но ова и е прво дело. Исто така е и член на Литературниот клуб на град Прилеп, кој ја поддржува во сите нејзини литературни потфати. Нејзина инспирација се чувствата, љубовта. А утехата заради сиромаштијата во која живее во својата мала куќа, ја наоѓа токму во создавањето проза. Љубовта кон медицината, која за Мартина ќе биде занимањето за кое таа веќе е определена, нема да го запре нејзиниот творечки порив. Во неа паралелно живеат двете љубови. Нејзин иден проект, како што самата ни открива, е дело во кое доаѓа до израз љубовта кон медицината.

Но, љубовта кон пишаниот збор, се надеваме, дека ќе ја искачи нашата Мартина во повисоките литературни кругови.

Со обележувањето на издавањето на нејзината книга – првенец „Михаил“, ние и посакуваме уште многу и поголеми успеси на полето на книжевноста, но и на сите полиња во животот.

dddddd

 

Коментар на Ирина Тумбовска за „Михаил“

Книга за една неостварена љубов во која Мартина наоѓа начин како да ја раскаже својата приказна со цел да ја сподели со другите, ами не само поради нив, туку и поради себе. Затоа што кога споделуваме, се намалува болката, а хартијата се` трпи. Овие текстови не се необмислени и едноставно фрлени на хартија, напротив, секој збор е напишан и посветен со љубов. Започнува со зборот – тебе, завршува со – мене, а помеѓу нив, страници исполнети само со копнежи, солзи, длабока болка и неостварена љубов. Мартина се отвора себеси и ги нижи своите емоции во вид на зборови, во некои делови дури е и контрадикторна затоа што започнува со – те мразам, а завршува со – те сакам, со што се поништува првичниот исказ. Некои спомени се создадени да траат засекогаш, па така својата неостварената љубов ја пренасочува во креативност преку својата исповед во овој нејзин личен дневник, внесувајќи дел од својата интимност. Инспирирана од животот, преку овие страници полни со чувства, не` потсетува дека силните емоции не можат да заминат туку така, ами остануваат длабоко врежани во нас. Со оваа книга, Мартина ја потврдува својата вокација кон љубовната лирика. Раскажувајќи за љубовта, таа ги надминува параметрите на исповедно – интимната лирика, адресинара кон една конкретна личност. Бескрајот е улица по која сите чекориме,а таму секогаш има љубов.

 


Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

2 thoughts on “Промоција на книгата „Михаил“ од Мартина Соколоска

  • елена

    Ме интересира дали оваа книга ја има во градската библиотека тука во Прилеп?

    • admin

      Админ на сајтот само ги објавува содржините. Треба да прашате кај авторот!