Повик за наставници – Erasmus+


Во согласност со предвидените активности кои се дел од проектот Outside the box – Надвор од рамката  од Еразмус+ програмата, финансиски поддржан од Европската Унија и менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Директорот на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За избор на 3 (три) наставници од училиштето кои ќе учествуваат на 7 дневна обука во Тарагонија, Шпанија. Одобрениот грант финансира обука за вкупно 5 (пет) учесници, кои треба да следат обуки во периодот од 22.03.2024 до 29.03.2024. Ќе се врши избор на 3 (три) учесници затоа што директорот и координаторот се вклучени во проектот.

Право да се пријават имаат сите наставници и членови на стручната служба кои засновале работен однос на неопределено време. Кандидатот треба:

  • Да учествува во спроведување на одделни активности од проектот;
  • Да има јасни цели и визија за начинот на кој ќе ги примени стекнатите знаења од мобилноста;
  • Да има солидно познавание на англискиот јазик;
  • Да дисеминира и одржува работилници.

Заинтересираните наставници да испратат СѴ и мотивациско писмо на училишниот е-mail: sougorcepetrov@gmail.com најдоцна до четврток, 08.02.2024 год.

Co почит,                                                                                                                   Датум:

Директор:                                                                                         06.02.2024

Жанета Видевска