Доделување на сертификати за проект од Еразмус+



Во просториите на СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп се одржа дисеминација на проект на Еразмус+ програмата: Акредитиран проект 2023-1-MK01-KA121-VET-000116035. Дисеминацијата на стекнатите вештини и знаења ја вршеа учесниците во проектот под водство на проект координаторот – професорката Неда Ченто.

Акредитираниот проект вклучува мобилност на 10 ученици и 2 придружни професори Ангела Велеска и Петар Аризанкоски  кои учествуваа на мобилност во периодот од 03.03. до 16.03.2024 во Истанбул, Турција. Целта на овој проект беше учениците да имаат европска пракса, да ги применат во реална пракса знаењата и вештините кои ги стекнале во текот на наставата, да се стекнат со нови вештини и знаење во реномиран универзитет и болница во странство. Учениците имааа пракса во мултиспецијалистичка болница BHT CLINIC Istanbul Tema која е водечки центар за роботика и вештачка интелигенција во областа на медицината и универзитетот Istanbul Nisantasi University.во времетраење од 14 дена во Истанбул, Турција.   

Овој проект исто така вклучува мобилност на 5 професори во периодот од 03.03. до 09.03.2024 во Истанбул, Турција.   Целта на овој проект е поддршка на професионалниот развој на наставниците во областа на дигиталната технологија и нејзината примена во образованието.

На настанот прва зеде збор директорката Жанета Видевска која ги поздрави присутните ученици и професори и ги повика учесниците на максимално пренесување на новите вештини на останатите професори и ученици во нашето училиште. На дисеминацијата преку Power Point презентација и видео учесниците под водство на проект координаторот ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини стекнати за време на мобилноста во Турција.

Исто така, учесниците во мобилноста им ги презентираа на присутните позначајните културно-историски знаменитости во Истанбул, кои ги посетија за време на викендите и им ја доловија турската традиција и култура на останатите ученици и наставници присутни на дисеминацијата. На настанот директорката и проект координаторот им доделија Europass сертификати на учесниците во мобилноста.

Прилеп,          
01.03.2024

Жанета Видевска
_____________________ в.д. Директор

СОУ Ѓорче Петров

Прилеп