Елена Бошеска


Доделување на сертификати за проект од Еразмус+

Во просториите на СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп се одржа дисеминација на проект на Еразмус+ програмата: Акредитиран проект 2023-1-MK01-KA121-VET-000116035. Дисеминацијата на стекнатите вештини и знаења ја вршеа учесниците во проектот под водство на проект координаторот – професорката Неда Ченто. Акредитираниот проект вклучува мобилност на 10 ученици и 2 придружни професори Ангела Велеска и Петар Аризанкоски  кои […]


Известување за Еразмус+

Во согласност со предвидените активности кои се дел од проектот Акредитиран проект 2023-1-MK01-KA121-VET-000116035 од Еразмус+ програмата, финансиски поддржан од Европската Унија и менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, комисијата составена од претставници на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп направи квалитативно оценување на пристигнатите апликации и интервјуата на учениците. На Повикот се […]


,,Со нив или без нив”

На 25.12.2023г.(понеделник), во НТ,,Војдан Чернодрински”, пред преполна сала беше изведена драмата ,,Со нив или без нив”, по текст и режија на Филип Стојаноски и менторство на проф. Билјана Тинтоска. Членовите на секцијата успешно, пожртвувано и со многу љубов претставија емотивна социјална драма со трагични и реални случки од нашето секојдневие. На сцената гледавме паралелни слики […]


Практична обука на ученици во Турција

На 04.12.2023 успешно заврши практичната обука во Истанбул, Турција за девет ученици кои беа придружувани од двајца професори од СОУ„Ѓорче Петров“ – Прилеп од здравствената струка профил медицинска сестра. Во рамките на Еразмус+ акредитиран проект 2022-1-MK01-KA121-VET-000062595 учениците имаа можност да се стекнат со практични искуства и реални ситуации во врвната мултиспецијалистичка болница BHT Clinic Istanbul […]


FASHION EMPLOYMENT HUB

Секој настан е можност за денес и инспирација за утре!За учениците од прва до четврта година од текстилно-кожарскатa струка при СОУ,,Ѓорче Петров” и нивните професори таква прилика беше  Инфо денот од  проектот FASHION EMPLOYMENT HUB во организација на Текстилниот кластер претставуван од извршниот директор Наташа Сивевска . На настанот учествуваа  од Македонската модна асоцијација, младите […]


Конкурси за стипендии

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување на стипендии за ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2023/24 година. Конкурси за доделување на ученички стипендии за учебната 2023-2024 година Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите од јавните […]